Друштвото за Поизводтво, Трговија и Услуги Оџаци Благоја и Ѓуро ДОО Скопје е формирано во 1991 година(како Претпријатие за комунални услуги Оџаци). Од своето постоење до денес исклучиво делува како оџачарска фирма. Компанијата е семеен бизнис во приватна сопственост на двајца браќа кои освен висока и средна стручна спрема имаат и оџачарски дипломи како и повеЌегодишно оџачарско искуство со големо познавање на котларските системи.
Професионалноста на компанијата се огледува во долгогодишното искуство во реализирањето на најкомплексните и најтешки оџачарски интервенции, како: одгушување, професионално спалување, чистење, како и контролирање на целиот процес во системот за греење (котел,канал и оџак) на највисоко ниво, професионално бушење на оџак кога е неминовно друго решение и отстранување на шут, гареж или гнездо од птици во оџакот.
Компанијата „Оџаци„ располага со професионален оџачарски алат и опрема и други капацитети за реализација на било какви ангажмани (професионални усисувачи ,апарати под притисок, топловодни пумпи,голем избор на, штосери, четки, пробивни глави од најдобар квалитет. Дел од опремата е направен во наши работилници, дел купен во земјата и пред се во странство.